Sunday, October 10, 2010

Нешто за рециклирањето...

     Рециклирањето е издвојување на материјалот од отпадот-(материјал што се исфрла) и негово повторно користење. Вклучува собирање, издвојување, преработување и изработување на нови производи од искористените работи или материјали. Многу од отпадните материјали можат повторно да се искористат ако се соодветно одделени.
     Во рециклирањето спаѓа се што може повторно да се искористи, а да не се фрли. Во светот постојат центи за рециклирањекои го искористуваат материјалот од стари работи за да направат нови, додека кај нас такви центри се уште нема. Постојат ретки центри за собирање на стара хартија, а во најново време има контејнери за собирање на пластични шишиња од различни пијалоци. Со рециклирањето ја заштитуваме природата од грди депонии околу населените места и позитивно делуваме на еколошката свест на населението.

Знакот за рециклирање

No comments:

Post a Comment